Крими хроника

Повредена жена во соoбраќајка кај Ваксинце

Повредена жена во соoбраќајка кај Ваксинце

Едно лице е тешко повредено во сообраќајка што се случи утрово во 3.15 часот  во близина на селото Ваксинце, соопштија утрово од кумановската полиција.

Оваа сообраќајка се случила кога 31 годишната државјанка на Албанија Е.П. управувајќи моторно возило „фор“ со албански национални ознаки се движела од Лојане кон Куманово, по што кај железничкиот премин во близина на Ваксинце изгубила контрола, удрила во бетонска куќарка, по што автомобилот се одби и удрил во светлосен сигнален уред.

Е.П по укажаната лекарска помош, поради сериозноста на повредите  е пренесена од кумановската болница и е префрлена во Ургентен Центар во Скопје.