Повредената трудница му се заблагодари на затвореникот што ја спасил

Писмо со голема благодарност за хуманиот гест на затвореникот Зоран К. му испратила трудницата Јасмина која беше меѓу повредените патници во автобусот кој пред неколку дена се судри со воз на преминот кај Сарамзалино на магистралниот пат Велес – Штип, објави  порталот МКД.МК

Затвореникот Зоран К. во вторникот сосема случајно со возило се нашол на местото на несреќата бил на домашно отсуство. Според очевидци, Зоран од автобусот успеал да извлече неколкумина патници од превртениот автобус, меѓу кои и најтешко повредената патничка која се уште е во Ургентниот центар во Скопје и трудницата Јасмина. Тој со своето возило до велешката болница успеал да пренесе неколку патници.

Јасмина  се чувствува  добро, и за среќа нема никакви компликации на нејзиниот плод.