Повредени 10 лица при сообраќајка на патот Велес – езеро Младост

Десет лица, според првичните информации се повредени во сообраќајна несреќа која околу 12:30 часот се случила на локалниот пат Велес-езеро Младост.

Од полицијата потврдуваат дека случена е сообраќајна несреќа, но повеќе детали ќе бидат познати по завршување на увидот.

Сообраќајот е во прекин.