Повредени 19 лица во 27 сообраќајки викендот во Скопје

сообаќајки

Во петокот сообраќајната полиција извршила увид на седум сообраќајни незгоди, од кои три со последица материјална штета, а во четири полесно се повредени пет лица.

Во саботата, пак, се регистрирани13 сообраќајки, а во една од нив со тешки телесни повреди се здобил пешак. Во четири  сообраќајки полесно се повредени шест лица, а во осум е причинета само материјална штета.

Во една од седумте сообраќајки што се случиле вчера, тепко повреден е возач на патничко моторно возило, а четворица сопатници се полесно повредени. Во две сообраќајки полесно се повредени две лица, а четири со материјална штета.

Во изминатите три дена сообраќајната полиција санкционирала 50 возачи  кои се движеле со брзина поголема од дозволената,  10  возач за возење под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, четворица  не ги почитувале правилата за престигнување, тројца поминале на црвено светло  на семафорот, 17 без возачка дозвола односно нерегистрирани, како и 92 непрописно паркирани возила.

Санкционирани се и  девет пешаци кои  поминале на црвено светло на семафорот за пешаци или надвор од пешачки премин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.