Повредени 20 лица од турбуленции

Јужно-африканската авио-компанија „Саутафрикан ервејс“ соопшти дека 20 лица се повредени во авионот на линијата за Хонг Конг поради силни турбуленции. Авионот во вторникот полета од Јоханесбург и во средата слета во Хонг Конг каде што лекарите им помогнале на патниците.

Повредени се 17 патници и тројца членови на екипажот.Властите во Хонг Конг соопштија дека две лица се во критична состојба.Турбуленцијата се чувствува како нагло „пропаѓање“ на авионот во текот на летото, со тресење.