Повредени 24 лица во бомбашки напад во Турција

Повредени 24 лица во бомбашки напад во Турција
Повредени 24 лица во бомбашки напад во Турција

Дваесет и четири лица, од кои 10 полицајци се повредени од експлозија на мина во Турција во округот Мардин, во близина на границата со Сирија.

Инцидентот се случил кога автобус налетал на мина.

Според дел од турските медиуми терористичкиот акт е дело на Курдската работничка партија (ПКК). Полицијата почнала голема операција за пронаоѓање на сторителите.

Според дел од турските медиуми терористичкиот акт е дело на Курдската работничка партија (ПКК).
Според дел од турските медиуми терористичкиот акт е дело на Курдската работничка партија (ПКК).

Турската армија од средината на јули презеде неколку операции против ПКК во северен Ирак и на територијата на Турција. Како одговор на тоа ПКК речиси секојдневно извршува напади врз турските безбедносни сили.