Повредени двајца работници, паднале од скеле

Двајца работници се здобиле со повреди при изведување работи на новиот објект – маркет на трговската фирма „Жито“ во Велес.

Несреќата се случила синоќа околу 20 часот, кога од скеле паднале тројца работници, од кои двајца се здобиле со повреди. Повредените биле вработени во фирмата „Макстем Графика“-Скопје.

Едниот од работниците поминал со полесни повреди, а другиот работник 38 годишниот Зоран Г. се здобил со повреди на два слабински пршлени, информира за МИА хирургот д-р Кире Марковски од велешката градска болница.

По укажаната прва помош поради сериозноста на повредите, нагласи д-р Марковски, пациентот е пратен на понатамошно лекување во скопските клиники.

МИА