Повредени две лица при сообраќајка во Куманово

Две лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случи утрово околу 10 часот на улицата „Моша Пијаде“ во Куманово, јави МИА.

Од засега непознати причини, автомобилот „шкода“ со кумановски регистарски таблички, движејќи се по улицата во правец кон булеварот Октомвриска Револуција изгубил контрола и удрил во тротоарот и делумно влетал во двор од семејна куќа.

На местото увид врши СВР Куманово. Веднаш по сообраќајната несреќа на местото на настанот излегоа две амбулантни возила на итна медицинска помош-Куманово.

– Двете лица, сопатници од автомобилот со повреди на главата и телото примени се на Одделението за хирургија, по што испратени се на една од скопските клиники – објасни за МИАи дежурниот хирург Борче Божиновски.