Повредени момчиња во сообраќајка на патот Кочани-Пониква

Во сообраќајна несреќа која се случила утрово  на патот Пониква-Кочани, повредени се неколку момчиња кои се превезувале со автомобил, јавува Канал 5.

Според првичните информации, до несреќата дошло откако автомобилот со кој се превезувале момчињата излетал од патот и се превртел.

Едно од момчињата кое е со посериозни повреди, е пренесено на скопските клиники, додека другите се задржани на лекување во кочанската болница.

Полицијата работи на утврдување на причините поради кои настанала несреќата.