Повредени пет војници на АРМ во сообраќајка кај патарината Сопот

Петмина припадници на Армијата на Република Македонија се повредени во сообраќајна несреќа што се случи денеска на автопатот Велес-Скопје.

Како што информираат од МВР, сообраќајната несреќа се случила во 12,30 часот во близина на патарината Сопот, а учествувале три возила на вооружените сили кои се движеле во конвој на редовни вежбовни активности на армискиот полигон Криволак.

Повредените војници се префрлени во велешката болница, но немало потреба да бидат задржани на натамошно лекување. На местото на несреќата се врши увид.