Повредени полицајци барале да им се приклучат на своите колеги во Куманово

Од она што се говори помеѓу повредените полицајци кои вчера беа хопитализирани поради повреди од акцијата на МВР во Куманово за сузбивање на терористичката група е дека веднаш по извршената медицинска интервенција побарале да се вратат во Куманово и да продолжат со дејствата на терен.

Нивниот морал бил на исклучително високо ниво и тие побарале да бидат дел од акцијата и да им се приклучат на своите колеги.

Солидарноста и подготвеноста на полицајците како и нивната пожрттвуваност и професионалност во одбрана на мирот наиде на огромна почит од пошироката јавност.