Повредениот мотоциклист од Кавадарци, почина

Дваесет и четири годишно момче почина синоќа во Клиничкиот центар во Скопје, откако доживеа сообраќајна несреќа.

Од полицијата информираат дека кавадарчанецот Орданчо Ј. возејќи мотоцикл Хонда , околу 18:20 часот, удрил во пешакот Р.П. (16) кој го поминувал коловозот. По ударот Орданчо загубил контрола над мотоциклот и удрил во патничко возило „Лада Нива“ кое доаѓало од спротивната страна.

Пешакот и совозачот на мотоциклот се здобиле со полесни повреди, додека возачот на моторот заработил тешки повреди.

По укажаната лекарска помош во здравствениот дом во Кавадараци, повредените биле пренесени во Клиничкиот центар во Скопје, каде Орданчо им подлегнал на повредите.