Спорт

Повредениот Видал ќе игра за Чиле

Повредениот Видал ќе игра за Чиле

Крај на сите дилеми стави и селекторот на фудбалската репрезентација на Чиле, Жорге Сампаоли, кој пред неколку часа го објави конечниот список со 23-фудбалери кои ќе настапат на престојниот Мундијал во Бразил.

Иако пред неколку недели заработи незгодна повреда, која е елиминирана со хируршка интервенција, стандардниот првотимец во дресот на старо-новиот шампион на Италија, тимот на Јувентус, Артуро Видал доби покана за да и помогне на својата репрезентација прво во групната фаза каде за противник ги има репрезентациите на Шпанија, Холандија и Австралија.

СОСТАВ:
ГОЛМАНИ: Браво (Сосиедад), Херера (Универсидад), Тосели (Католика). ОДБРАНА: Алборноз (Малме), Јара (Нотингем Ф.), Мендел (Кардиф), Мена (Сантос), Ројас (Универсидад). СРЕДЕН РЕД: Арангуиз (Интернационал), Бесажур (Виган), Кармона (Аталанта), Диаз (Базел), Педро (Коло Коло), Гутиерез (Твенте), Исла (Јувентус), Силва (Осасуна), Валдивиа (Палмеирас), Видал (Јувентус). НАПАД: Орелана (Селта), Паредес (Коло Коло), Пинила (Калјари), Санчез (Барселона), Варгас (Валенсија).