Повредените полицајци на јужната граница се пуштени дома

Повредените полицајци на јужната граница се пуштени дома
Повредените полицајци на јужната граница се пуштени дома

Четворицата припадници на македонските безбедносни сили, кои вчера беа повредени од економските мигранти на јужната граница, ноќта ја поминале стабилно во Општата болница Гевгелија. Утрово, сите биле пуштени дома.

Од Министерството за здравство вчера информираа дека двајца од полицајците добиле удари во пределот на главата преку шлем, еден во пределот на натколеницата и еден во пределот на абдоменот.

Група на лица кои се водат како економски мигранти, односно мигранти кои согласно одлуките на европските земји и земјите од балканската рута не се пропуштаат за влез во Македонија, вчера, фрлаа камења кон македонските полицајци и војници, при што 18 припадници на безбедносните сили. Од нив двајца беа со потешки телесни повреди во пределот на главата и еден од нив со потрес на мозок. Сите беа хоспитализирани во медицинскиот центар во Гевгелија. Демолирани беаи неколку полициски и армиски возила и штитови.

Зачудени сме од овој облик на насилство, имајќи во предвид дека границата е отворена. Повторуваме дека нашите одлуки за динамиката на протокот, при што се пропуштаат за транзит само лица кои доаѓаат од регионите кои се зафатени со воени конфликти, се условени од одлуките на другите земји на рутата кои ја пропуштаат само ова категорија на мигранти. Нема никаква причина за насилно однесување. Повторуваме дека оградата служи како дел од техничко-тактичките мерки за насочување на лицата кон контролните пунктови заради регистрација и хуман третман, за да не се случат пропусти заради несоодветно регистрирање кои може да водат кон несакани безбедносни последици, посочија извори од Владата.