Повредените работници кај Кичево се вон животна опасност

Повредените работници кај Кичево се вон животна опасност
Повредените работници кај Кичево се вон животна опасност

Сите повредени работници што настрадаа во сообраќајната несреќа кај Кичево, а беа префрлени во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ кај Охрид, се надвор од животна опасност, потврди д-р Драган Спасески, кој појасни дека станува збор за седум пациенти згрижени во установата после тешката сообраќајна несреќа што утрово се случи на регионалниот пат Кичево – Осломеј.

–  Утрото беа примени и згрижени седум пациенти од кои двајца со потешки телесни повредни, со скршеници. Другите лица се под опсервација што значи дека во текот на денот целосно ќе бидат дијагностицирани. Инаку, сите се надвор од животна опасност, изјави Спасески.

Инаку, едно од лицата пренесени во „Свети Еразмо“ имало лесна повреда, така што после прегледот и терапијата е испратено на домашна нега.

Дваесет работници на РЕК „Осломеј“ беа повредени, од кои десет потешко, во сообраќајна несреќа што утрово во 6.45 часот се случи кај кичевското село Мамудовци, на регионалниот пат што од Кичево води кон Осломеј.