Повредените татко и син се надвор од животна опасност

Здравствената состојба на таткото и синот кои беа повредени во оружен напад во скопската населба Хром, е стабилна и тие се надвор од животна опасност.

Според првичните информации, станува забор за 54-годишен скопјанец и неговиот 23-годишен син, кои биле нападнати по излегувањето од својата менувачница. Во разбојништвото им била одземен торба во која имало околу 40.000 евра.

Нападот се случил денеска околу 18 часот на улицата Тодор Циповски-Мерџан во Скопје.