Повредено дете на фудбалски натпревар помеѓу „Шкупи 1927“ и „Младост“

Единаесетгодишно дете е повредено од пиротехнички материјал запален на вчерашниот натпревар на стадионот во Чаир, меѓу фудбалските екипи „Шкупи 1927“ и „Младост“ – село Царев Двор Ресен.

Според МВР, навивачката група „Шверцери“ во знак на прославување 25 години од формирањето запалила неколку пиротехнички средства при што со повреда на левото око се здобил Ф.Е.(11) од Скопје, кој со возило на итната помош бил однесен во Клиничкиот центар. Момчето е пуштено на домашно лекување. Фудбалскиот натпревар е целосно видео и фото документиран.

Полицијата ќе преземе мерки по основ на Законот за насилно и недостојно однесување на спортски натпревари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.