Повредено момче во кичевско

Дваесет и три годишниот Л.А. од кичевското село Грешница е повреден откако во него било пукано од огнено оружје.Драмата се случувала синоќа околу 2:30 часот, кога во дворот од семејната куќа на Л.А. дошле две лица маскирани со фантомки кои пукале кон момчето.

Л.А. бил погоден со два куршуми, по што итно бил пренесен во Медицинскиот центар Гостивар и е надвор од животна опасност, но задржан на лекување.

Полицијата превзема мерки за расчистување на случајот.