Повремени прекини на сообраќајот на патот Кичево – Охрид

Поради изведување работи на пат, минирање, делницата Кичево – Охрид помеѓу планинскиот превој Пресека и село Врбјани денеска во одредени периоди од денот ќе биде во прекин.

Како што соопшти АМСМ, прекинот во сообраќајот на патот ќе биде во периодот помеѓу 12 и 14 часот и 15 и 17 часот во траење од 15 до 20 минути.