Поврзување на ИКТ индустријата и агрибизнисот е неминовност

На, 23-ти и 24-ти ноември, 2016, во хотелот Александар Палас во Скопје, ќе се одржи втората конференција на тема ИКТ во Агробизнис, организирана од страна на МАСИТ – Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии во соработка со АгФутура Технологии и ПроКредит Банка.

Како лидер во поврзување на ИКТ секторот во Македонија, МАСИТ досега успешно организираше 13 регионални конференции за ИКТ, секоја од нив посетена од повеќе од 200 учесници, претставници од ИКТ компаниите но исто така и високи претставници од Владата на РМ и Министерствата, академските институции, донаторските организации и други значајни стеикхолдери од регионот на Југоисточна Европа. Имајќи ги искуството и контактите, не само на домашно туку и на регионално и интернационално ниво, МАСИТ ја најавува својата 14та по ред годишна конференција посветена на ИКТ во агробизнисот.

На Конференцијата свои предавања ќе оддржат г-ѓа Невена Александрова Стефанова, експерт за иновациски системи и размена на знаење во земјоделските стопанства, УН ФАО, д-р Хенк Хогевеен, професор по здравје на животни и експерт за прецизно земјоделство од Универзитетот Вагенинген, м-р Григорис Чатсикостас, менџер за иновации и бизнис развој од БиоСенсе Институтот, како и многу други гости од соседните земји и секако домашни експерти од агробизнисот и ИТК индустријата.

Целта на конференцијата да се зближат двете индустрии за подобро да ги разберат своите потреби и барања со цел да се олесни влезот на ИКТ индустријата на пазарот и да им се овозможи на фармерите и агрокомпаниите да дознаат на кој начин може ги стават технологиите во фунција на остварување на подобра конкурентност и зголемена профитабилност. Иницирањето на дијалогот помеѓу ИКТ и Агробизнис заедниците е голем предизвик.  Оваа година МАСИТ со своите партнери и соработници планира да го поттикне овој дијалог токму преку оваа конференција. Основните прашања кои ќе бидат поткренати на конференцијата ќе бидат во насока како двете индустрии да соработуваат поблиску во секојдневното работење и како да постигнат максимален бенефит од остварената соработка. Ќе се дискутира за тоа како имплементирањето на ИКТ решенија може да им помогне на фармерите да го развијат својот бизнис. Ќе бидат претставени многу успешни приказни и решенија. Поканети се голем број на претставници од институциите од агробизнинс и ИТ индустријата, а ќе присуствуваат и голем број на компании од агробизнисот и ИТ од земјава и регионот.

На 23-ти ноември, во склоп на Конференцијата, Прокредит банка, традиционално ќе додели и награди на најуспешните иновативни компании во Македонија.

Со цел истите да навлезат во директни дискусии, ќе бидат организирани и Б2Б состаноци. Учесниците на конференцијата ќе имаат можност да бидат дел од: 2 дена конференциски презентации од страна на ИКТ и екстерти од областа на Агробизнис, организирани во неколку сесии. Панел дискусија – Простор за решавање на јазот помеѓу ИКТ и АГ. Временска зона, кога двете индустрии ќе се најдат на иста страна обидувајќи се преку плодна дискусија да го намалат тој јаз. Исто така, ќе бидат презентирани трендовите на светско, наспроти локално ниво.