Повторно блокиран пристапот до Белата куќа

Пристапот до Белата куќа вчера беше одново блокиран, вторпат во текот на оваа недела, откако две лица фрлиле предмети преку нејзината ограда.

Портпаролот на Тајната служба изјави дека двете лица се приведени,а сомнителните предмети се дадени на испитување.

Пристапот до Белата куќа околу еден час беше блокиран и во вторникот, откако автомобил што ја следел придружбата на ќерките на Обама, се обидел да мине преку дел од авенијата „Пенсилванија“ пред резиденцијата на претседателот, што е затворена за сообраќај.