Повторно борби околу аеродромот во Доњецк

Силни детонации можат да се слушнат во центарот на Доњецк и во областа околу аеродромот, каде продолжуваат борбите на проруските актив исти и укаинските безбедносни сили, пренесува Танјуг.

Во штабот на проруските активисти претходно соопштија дека безбедносните сили и понатаму се наоѓаат на северниот дел на авионот каде се отвора оган од тешко вооружување во станбените згради.

Руското радио јави дека снимателите на руската телевизија Вести наишле на оган од украинската војска во близина на аеродромот.

За време на снимањето новинарите и камерманите наиделе на дожд од куршуми, но за среќа никој од нив не е повреден.

Во текот на гранатирањето во близина на Луганск, загина едно потгодишно девојче, додека нејзината мајка е потешко повредена, соопштуваат украинските сили.

Како што изјави портпаролот на украинската војска во Киев, девојчето погинало кога проруските активисти фрлиле граната во селото во близина на првата линија на фронтот, северозападно од штабот на проруските активисти во Луганск, пренесува АФП.

Според податоците на Обединетите Нации до 31 октомври во борбите меѓу украинските сили и проруските активисти погинале повеќе од 4.000 цивили, а повеќе од 9.000 се ранети.