Повторно брз воз за Битола од 1 април

Од 1 април годинава повторно се воведуваат во редовен железнички сообраќај времено укинатите патнички возови 541 кој сообраќа на релацијата Скопје – Битола со тргнување од Скопје во 16:55 часот и возот 540 на релација Битола – Скопје, кој од Битола тргнува во 5:18 часот.

МЖ Транспорт АД Скопје денеска соопшти дека возовите ќе сообраќаат според важечкиот возен ред со тоа што поради технолошка организација на сообраќајот возот 541 (Скопје – Битола) првпат во повторен сообраќај ќе се вклучи на 1 април, а возот 540 (Битола – Скопје) на 2 април.