Повторно бура, портокалов аларм во Хрватска и Бих

Повторно портокалово предупредување во Хрватска и БиХ бидејќи се приближува бура во овие две земји, проследена со грмотевици и поројни дождови.

Во Хрватска предупредувањето е издадено денеска за речиси целата територија на земјата, а најпоројни дождови се очекуваат во северниот дел на Јадранот и на повисоките места.

Метеоаларм поради поројните дождови објави портокалово предупредување за Истра и Ријека, бидејќи експертите сметаат дека временските прилики ќе бидат опасни. Жолто предупредување, кое значи дека времето е потенцијално опасно, Метеоаларм објави за сите останати подрачја на Хрватска, освен за средна и јужна Далмација.

И во БиХ утре и задутре се очекуваат обилни врнежи поради што Федералниот хидрометеоролошки завод издаде исто така портокалово предупредување за јужниот, југозападниот, северозападниот дел и делови од централна Босна.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.