Повторно голема утка на Рејтинг, Жерновски лажеше со лажната анкета на Ѓорѓи Спасов

Пред три дена агенцијата на Ѓорги Спасов Рејтинг излезе со анкета според која дури 83% од граѓаните на Центар ќе гласале за тоа ГТЦ да го задржи автентичниот излед. Тие дури во истата посочуваат дека има плус 15 % раст на поддршката на референдумот меѓу граѓаните на Центар, пишува Курир.

Но, одржаниот референдум покажа дека анкетата на Спасов е целосно промашена. Огромното мнозинство на граѓани не ја поддржа иницијативата на Жерновски и СДСМ. Граѓаните незаинтересирани за инцијативата на опозицијата. Дури 60% од граѓаните се одлучија воопшто да не излезат и гласаат со што јасно ја покажаа својата волја да не ја подржат оваа иницијатива на СДСМ и Жерновски.

Иако агенцијата Рејтинг во анкетата вели дека маргиналната грешка е плус минус 3 проценти, очигледно дека промашувањето кое го направија е двоцифрено. Очигледно е дека не се работи за незнаење туку за смислено манипулирање со анкетите и лажење на јавноста.

Ваквото лажење на јавноста со погрешни анкети е во континуитет. Да потсетиме, Рејтинг на Ѓорги Спасов на последните претседателски избори прогнозираше победна на Пендаровски, тој сепак загуби убедливо од Ѓорге Иванов. Потоа следеше скандалот од кој се виде дека Рејтинг во јавноста пушта набилдани анкети и погрешни бројки во корист на СДСМ и дека ќе ги загуби изборите со огромна разлика лидерот на СДСМ Зоран Заев знаел и пред истите да се реализираат.

Анкетата којa за внатрепартиски потреби непосредно пред изборите ја изготвила агенцијата Рејтинг на Ѓорѓи Спасов покажува дека актуелниот претседател Ѓорѓе Иванов убедливо води пред Стево Пендаровски. Очигледно и за референдумот на ГТЦ Рејтинг направил двојни анкети, една онаа што е пуштена во јавноста со неточни податоци и една веројатно за внатрепартиските потреби во кое се предвидува фијаското на опозицијата во Центар.