Повторно гужва: Обиколницата затворена за сообраќај

Од утре повторно гужва низ улиците на главниот град. Поради снимање на францускиот филм „А Фонд“, скопската обиколница ќе биде затворена за сообраќај во двете наредни работни седмици (од 14-ти до 18 септември и од 21-ви до 25 септември), како и на 28 септември.

Повторно гужва: Обиколницата затворена за сообраќај
Повторно гужва: Обиколницата затворена за сообраќај

Ова го соопшти Автомотосојузот на Македонија по известувањето добиено од продукцијата „Мануфактура“.

Оттаму нагласуваат дека привремената измена на режимот на сообраќај на обиколницата на Скопје ќе важи од 7 до 19 часот во секој од наведените датуми.