Повторно искршена двојазична табла во Вуковар

На зградата на Хрватскиот завод за вработување во Вуковар повторно е скршена двојазична, кирилично-латинична табла, а полицијата трага по непознатиот сторител.

Во тамошната полициска управа потсетуваат дека таблата на таа зграда е скршена или симната повеќе пати од втори септември минатата година, кога во тој град започна поставување на плочи на кирилица и латиница на државните институции и установи.

Според податоците на полицијата, досега во тој град се забележани 26 случаи на уништување, па се проценува дека повеќе од 35 табли биле цел на напаѓачи.