Повторно истекува радиоактивна вода од Фукушима

Ново истекување од 100 тони високо радиоактивна вода е регистрирано во нуклеарната електрана Фукушима, соопшти операторот на јапонската компанија.

Радиоактивната вода веќе не истекува од резервоар за складирање, потврди портпаролот на компанијата „Токиска електрична енергија“, но таа вест и’ зададе дополнителен удар на компанијата која ја загуби својата репутација како безбедна компанија.

„Бидејќи немадренажа во близина на истекувањето кое, во секој случај е далеку од океанот, малку е веројатно радиоактивната вода да го најде својот пат до морето“, навел портпаролот на компанијата.

Но, водата била со висока концентрација на радиоактивност, од која е регистрирано бета зрачење од 230 милиони бекерели по литар.