Повторно масовна тепачка помеѓу навивачи, овојпат нема жртви

Веднаш по завршувањето на натпреварот од Лигата на Европа помеѓу Днипро и Сент Етјен, избила голема тепачка на улиците во Киев.

Навивачите на Днипро биле испровоцирани откако гостите го запалиле украинското знаме, по што веднаш ги нападнале, а според полицијата, биле користени ножеви и палки. Според некои украински медиуми, биле слушнати и истрели од огнено оружје. Вкупно дванаесет француски навивачи завршиле во болница, но ниту еден од нив не е во животна опасност.

Ова е втор инцидент на навивачите на Днипро, откако пред неколку месеци ги нападнаа и фановите на ФК Копенхаген.

Насилството на и околу спортските арени последниов период зема се’ поголем замав, а неколку пати се случи токму по вакви инциденти да има и жртви. Најсвежо е сеќавањаето на навивачот на Црвена Звезда, Марко Ивковиќ кој при една слична тепачка на улиците во Истанбул беше убиен од страна на хулиган, фан на Галатасарај.