Повторно немири во Фергусон, овојпат ранет полицаец

Еден полицаец е застралан во американскиот град Фергусон во кој минатиот месец избија протести и нереди по убиството на афроамерикански тинејџер од страна на полицијата.

Портпаролот на полицијата во Сент Луис, Брајан Шелман, потврди дека синоќа дошло до пукање кога двјаца мажи пробале да избегаат од полицајците, не наведувајќи детали за неговата состојба, но локалната полиција објавила дека полицаецот е погоден само во раката.

По полноќ, триесетина полицајци биле распоредени во близина на група од околу стотина демонстранти кои стоеле спроти полициската станица повремено извикувајќи „Нема правда, нема мир“, пренесува агенцијата АП.

Во близина на полициската станица, дел од улицата бил затворен, додека полицијата вршела рација, а најмалку денестина лица припадници на специјалната полиција реагирале. Во подрачјето кружеле и полициски хеликоптери.

Американскиот претседател, Барак Обама, синоќа изјави дека дека граѓаните немаат доверба во полицијата по убиството на невооружениот тинејџер во Фергусон.