Повторно одбиено барањето за условно ослободување на убиецот на Џон Ленон

На убиецот на Џон Ленон, Марк Чепман, вчера, по девети пат, му беше одбиено барањето за условно пуштање на слобода.

Чепман (61), поранешниот член на Битлси го уби во 1980 година во Њујорк, пред зградата во која Ленон живееше, потсетува британски Би-Би-Си.

Чепман пред Одборот за условно ослободување изјави дека сфаќа дека неговото злосторство било „себично, зло и направено со предумисла“. Сепак, во одговорот, Одборот наведе: И покрај многубројните поволни фактори, заклучивме дека сите ги побива природата на злосторството, направено поради слава и со предумисла. Пуштањето на Чепман на слобода би се косело со она што е добро за општеството и со почитувањето на законите.

Чепман во 1981 година беше осуден на доживотен затвор, со минимално отслужени 20 години, откако ја призна вината за второстепено убиство.