Повторно одложена комисиската расправа за буџетот за 2018

Повторно е одложена седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет на која денеска требаше да продолжи расправа по Предлог-буџетот за 2018 година.

Оваа седница почна во понеделникот, а по приведувањата за настаните од 27 април во Собранието, не е одржано ниту едно продолжение.

Општиот претрес по предлогот според Деловникот трае 10 работни денови. По предлогот се поднесени 279 амандмани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.