Повторно ограбена црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во дебарско

Ограбена црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во дебарско.

Од црквата се одземени 4.000 денари.

Допрва ќе се утврдува дали е украдено уште нешто од црквата.

„Успение на Пресвета Богородица“ во септември и октовмри 2012 година беше двапати ограбена. Одземени беа повеќе од триесет вредни икони, платнена плаштеница стара 200-300 години и околу 15.000 денари.

Црквата е од 11. век и некогаш била седиште на митрополија.