Балкан

Повторно отстранети двојазичните табли во Вуковар и Винковци

Повторно отстранети двојазичните табли во Вуковар и Винковци

Непознат сторител ги отстранил двојазичните табли со кириличен натпис од зградата на хрватскиот завод за вработување во Вуковар, а во населбата Мирковци, Винковци, искршена е двојазичната табла на зградата на основното училиште „Никола Тесла“, со називот на установата.

Се’уште се трага по сторителите на овие кривични дела, велат од вуковарско-сремската полиција, пренесуваат локалните медиуми.

Двојазичните табли се наоѓаат на зградите на десетина државни институции во Вуковар, а од први септемвр, кога започна нивното поставување, уништени се околу дваесетина.

Таблата што синоќа била отстранета од хрватскиот завод за вработување, е трета табла што се отстранува од таа установа.