Повторно отворена градинката Корчагин

Стотина деца од  „Раде Јовчевски – Корчагин“ од денеска се повторно згрижени во градинката и се со своите воспитувачки.

Штетите од поплавата се санирани, плочките се обновени и се создадени услови децата повторно да се вратат.

Храната, до санација на кујната се носи од друг објект.

Кујната ќе се реновира комплетно за околу една недела.