Спорт

Повторно одложен почетокот на првенството во куглање

Повторно одложен почетокот на првенството во куглање

Кугларската федерација на Македонија сака да ја извести јавноста дека почетокот на вториот дел од првенството во куглање се одложува за уште една дополнителна недела и истото треба да започне во сабота (07.03.2015 година).

Причината за одложувањето на почетокот на вториот дел од првенството во куглање се проблемите кои настанаа со трансферот на играчот Бојан Влакевски од екипата на Макпетрол во екипата на Вардар 2014.

Кугларската федерација на Македонија активно партиципира во изнаоѓање на решение кое е прифатливо за сите инволвирани страни, со цел нормален тек на преостанатиот дел од првенството.