Повторно протести во Турција: Владата да си поднесе оставка

Жителите на Истанбул и Анкара синоќа излегоа на протест против обвиненијата за корупција што ја тресат земјата од декември минатата година, објави денеска весникот „Хуриет дејли њуз“.

Протестите беа предизвикани од објавените нови телефонски разговори за вмешаност на премиерот Реџеп Тајип Ердоган во корупција, како и од ослободувањето од притвор на главните осомничени и синови на поранешни министри, кои беа уапсени во голема антикорупциска операција на 17 декември 2013 година.

Околу 600 лица скандираа „Тие се крадци“ и „Владата да си поднесе оставка“ на централниот плоштад во Анкара.

Во Истанбул полицијата разби група демонстранти, кои скандираа антивладини слогани и се обидоа да направат протестен марш до плоштадот Таксим. Неколку демонстранти се уапсени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.