понеделник, 28 ноември 2016  |  Вести денес: 51

Повторно солзавец во косовскиот парламент

Седницата на косовскиот Парламент е прекината денеска набрзо откако почна, бидејќи опозицијата фрли солзавец, јави Танјуг.

kosovo-solzavec-1

Последни вести

Седницата на косовскиот Парламент е прекината денеска набрзо откако почна, бидејќи опозицијата фрли солзавец, јави Танјуг.

На седницата се обратил претседателот на „Самоопределување“ Висар Имери, по што опозицијата активирала солзавец.

На дневниот ред на седницата главно се точки кои се однесуваат на процесот на визна либерализација на Косово со ЕУ, а опозицијата претходно најавуваше блокада на работата на Парламентот. Пред почетокот на седницата околу зградата на Собранието на Косово се распоредени сили на специјалната косовска полицијата.

Пред собранието околу 10 часот се собраа приврзаници на опозицијата, кои се противат на одржувањето на седницата и кои веќе шест месеци ја оневозможуваат работата на Парламентот барајќи распишување вонредни избори и поништување на договорот за ЗСО и демаркација на граничната линија со Црна Гора.

Најчитани вести