Повторно солзавец во косовскиот парламент

Пратеничката Доника Када Бујупи од опозициската Алианса за иднина на Косово денес пушти солзавец во парламентарната сала, што е ваков втор инцидент неделава, во знак на протест против договорот со Србија, постигнат во посредништво на Европската унија.

Сите пратеници беа евакуирани.

Минатата недела граната со солзавец беше активирана од пратеникот на движењето „Самоопределување“ Албин Курти, кој подоцна беше уапсен, но по масовен протест на опозицијата повторно ослободен.