Повторно температурен шок: Пеколни горештини, па заладување

Повторно температурен шок во текот на неделава. Според прогнозите, по пеколните горештини во текот на работната недела, од петок не очекува заладување.

Времето утре во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена  локална облачност, попладне во западните и во југозападните планински делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се движи од 10 до 19, а максималната од 30 до 37 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до мерена облачност и со слаб претежно југоисточен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 19 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во наредните денови продолжува претежно стабилно и топло време и дневната температура ќе бележи пораст, а до средината на наредната седмица на повеќе места ќе надминува 35 степени. Во југоисточните делови од земјава ќе достигне и 39 степени. Во овие денови во попладневните часови во западните планински делови ќе има почеста облачност. Од петок температурата позначително ќе опадне и ќе има повторно појава на нестабилност проследена со локален пороен дожд и со грмежи.