Повторно уапсен имамот на Големата џамија во Приштина

Полицијата на Косово повторно го приведе Шефкет Красниќи, имамот на Големата џамија во Приштина, но и лидерот на партијата ЛИСБА, Фуад Рамиќ.

Во рамки на акцијата уапсени се и имамите Екрем Авдиу од џамијата во населбата „Тавник“ во Косовска Митровица и член на исламската верска зедница на Косово, Енис Рама, имам во „Иса бег“ џамијата во Косовска Митровица и главен уредник во телевизијата “Peace TV’ на албански јазик, како и Енес Гега, имам на џамијата во Пеќ.

Уапсени се под сомнение дека поттикнувале верска омраза и исламски екстремизам, регрутирање и испраќање млади Косовци на боиштата во Сирија и Ирак.

Имамот на големата џамија во Приштина, Красниќи, беше притворен и на почетокот на месецов но по неколкучасовно испрашување беше ослободен.

По конституирањето на новиот косовски Парламент се очекува да биде усвоен законот со кој за учество во туѓи војни Косовците може да добијат затворска казна во траење до 15 години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.