Повторно возење во спротивна насока на автопатот Скопје-Велес

Утрово на фејсбук групата „Ѕид на сообраќајниот срам“ се појави фотографија од автопатот Скопје-Велес на која се гледа возило од марката „Пасат“ како сообраќа во обратна насока. За среќа овој пат овој прекршок не предизвика трагедија бидејќи полицијата навреме реагирала.

Колку за потсетување во септември оваа година поради истиот овој прекршок на истиот пат Скопје-Велес дојде до директен судир на две возила. Во сообраќајката седум лица беа полесно, а едно потешко повредено.

Фото: Ѕид на сообраќајниот срам