Повторно закани за три париски гимназии

Три париски гимназии, Кондоце, Хенри IV и Луи је Гранд повторно беа изложени на закани, соопшти академијата на Париз преку својот Твитер профил, јавува дописникот на МИА од Париз.

Според академијата, учениците од трите средни училишта се згрижени и полицијата ги обезбедува истите.

Минатата недела на повеќе пати париските гимназии беа цел на закани од анонимни повици. Во четвртокот имаше шест гимназии, исто како и во вторникот, кога истите беа евакуирани за да може полицијата да провери дали заканите се сериозни.

За време на претходните закани полицијата не пронајде ништо, а на вакви закани беа изложени и училишта во Обединетото кралство.