Повторно земјотрес во Папуа Нова Гвинеа, бројот на жртвите во минатиот се искачи на 67

Силен потрес повторно ја погоди Папуа Нова Гвинеа во понеделникот, а бројот на лицата кои смртно настрадаа од земјотресот со магнитуа од 7,5 степени се искачи 67, според податоците на Црвениот крст, кој очекува оваа бројка уште да расте.

Три нови потреса со магнитуда поголема од 5 степени го погодија повторно планинското подрачје на Јужната висорамнина, околу 600 киломери од главниот град Порто Моресби во понеделникот, објавено е во најновите податоци на Американскиот геолошки завод, кој известува и за еден земјотрес со магнитуда 6.

„Не спиевме. Се тресеше цела ноќ. Она што утрово го доживеавме може да предизвика уште повеќе штети, уште не знаеме…. речиси ме исфрли од креветот“, изјавил за локалните медиуми Вилијам Бандо од локалното биро на покраината Хела во телефонскиот разговор од Тари, околу 40 километри од епицентарот на потресот.

Ова подрачје веќе претрпи големи штети на 26-ти февруари кога силниот земјотрес во сеизмички активната висорамнина срамни со земјата згради изградени пред речиси еден век, предизвика одрони и ги прекина активностите на светските нафтени компании.

Повеќето жртви од земјотресот се во покраинскиот главен град Менди или во неговата околина, како и во Тари, каде што одроните затрупале куќи а семејствата биле во објектите кога се уривале.