понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 43

Позанти екипите кои ќе играат во Лига Европа

gent

Последни вести

По одигрувањето на синоќешните 22 реванш бараж дуели од Лига Европа познати се сите 48 екипи кои ќе се натпреваруваат во овој европски куп. Покрај овие 22 екипи, 10 од екипите се елиминираните од баражите од Лигата на шампионите, како и 16 кои дирекнто се пласираа во групната фаза.

Македонскиот преставник Шкендија е елиминирана во баражот од белгискиот тим Гент, а од македонските фудбалери двајца со своите екипи ќе бидат дел од групната фаза.

Муарем Муарем како член на Карабах постигна победа од 3:0 во реваншот над Гетеборг, а Муарем беше стрелец на еден гол и имаше една асистенција.

Агим Ибраими поради повреда не играше за Астана, а неговата екипа одигра 2:2 на гости кај БАТЕ и обезбеди пласман во групите.

Иван Тричковски и Даниел Мојсов (го одиграа целиот натпревар) со АЕК Ларнака и се елиминирани од Либерец откако во ревншот на гости загубија со 3:0.

Натпреварувањето го заврши и белградска Црвена Звезда, која во реваншот одигра 1:1 со Сасуоло, а македонскиот младински репрезентативец Давид Бабунски во игра влезе во 80.минута.

На реванш бараж дуелите нашиот судија Александар Ставрев со помошници од Македонија го судеа натпреварот Рапид Виена – Тренчин.

Извлекувањето на групите за Лига Европа ќе се одржи денеска во 13 часот во Монако.

Најчитани вести