Пожар југоисточно од Атина

Југоисточно од Атина, во областа на Каливиа денеска избувна шумски пожар, кој засега не загроозува станбени области.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, огнената стихија ја гаснат 30 пожарникари и 10 противпожарни возила, два канадери и два хеликоптери.