Пожар кај Дебриште

Пожар зафати трева и нискостеблеста шума кај селото Дебриште, Росоманско. Илчо Богевски, командир на територијалната противпожарна единица од Кавадарци, информира дека гори површина од околу пет хектари.

– Кавадаречките пожарникари се на терен, во гаснењето се вклучени и жители од селото. Се прават напори да се локализира пожарот и да не се дозволи тој да навлезе во селото, вели Богевски.