Пожар кај градската депонија во Велес

Гори градската депонија во Велес. Депонијата се запалила вечерва околу 20 часот. Во гаснењето на пожарот учествуваат вработени од јавното претпријатие „Денвер“ кое стопанисува со оваа депонија, јавува МИА.

Командирот на Противпожарната единица во Велес, Љупчо Лепидовски изјави дека засега не е побарана помош од нив.

Засега не сме повикани, но ако побараат помош, ќе интервенираме во гасењето на пожарот, истакна Лепидовски.