Опожарена куќа позади средното училиште „Димитар Влахов“

Утрово во 10 часот и 20 минути избувна пожар во куќа на „Трета Македонска Бригада“ позади средното училиште „Димитар Влахов“.

Според информациите од Противпожарната служба, зафатена е покривната конструкција, а во гаснење на пожарот учествуваат седум возила.