ФОТО+ВИДЕО: Пожар во луксузен хотел во Дубаи, 60 лица повредени

Во текот на новогодишната ноќ изби пожар во луксузен хотел во Дубаи.

Како што пишува „Дејли меил“ повикувајќи се на сведоштво на присутните, луѓето во паника прескокнувале еден преку друг додека бегале од огнената стихија. Според медицински извори најмалку 60 лица се повредени. Голем дел од нив се здобиле со скршеници, а едно лице пртерпело срцев удар.

dubai-hotel-2

За среќа, засега нема информации за починати лица. Пожарот во 63-катниот хотел „Адрес даунтаун“ изби синоќа околу 21.30 часот, а пожарникарите денеска воглавно од земја надгледуваат како горат горните катови, бидејќи не можат да допрат до нив со црева со вода од противпожарни возила.

dubai-hotel-3

Новата година и покрај пожарот во Дубаи е прославена како што беше планирано – со раскошен огномет од блиската „Бурџ Калифа“, највисоката зграда во светот пред која имаше стотина илјади луѓе.

dubai-hotel-4